Дома Фудбал Англија Венгер открива: Им дал „корпа“ на Манчестер Јунајтед и Гвардиола

Венгер открива: Им дал „корпа“ на Манчестер Јунајтед и Гвардиола

Легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер се уште е интересен соговорник кога се приказните од англискиот фудбал во прашање. Во интервјуто кое го даде за „Тајмс“ откри некои интересни детали од долгогодишната кариера на Островот.

Венгер откри дека му било понудено да биде тренер на големиот ривал на Арсенал, Манчестер Јунајтед, но не откри кога ја добил таа понуда. Ниту дали тоа било во време или после мандатот на големиот Сер Алекс Фергусон.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Водевме некои навистина големи битки. Сер Алекс е интелигентен човек, не можете да имате таква кариера ако сте глупав. Да Манчестер Јунајтед ми нудеше да бидам нивни тренер, но нема да ви кажам кога“, изјави Венгер.

Откри интересна приказна од сегашниот тренер на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола од играчките денови.

„Кога Гвардиола беше играч дојде и ме праша да игра за Арсенал, морав да го одбијам затоа што во тој момент ги имавме Патрик Виера и Жилберто Силва“, откри Французинот.

Арсен Венгер го водеше Арсенал од 1996 до 2018 година и за тоа време освои три шампионски титули, а во 2004 онаа најславната без пораз. Сега работи во ФИФА како шеф за глобалниот развој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…