Дома Фудбал Останато Венгер заговара револуција: Мундијал на секои две години!

Венгер заговара револуција: Мундијал на секои две години!

Легендарниот менаџер на Арсенал, а сега советник во ФИФА, Арсен Венгер заговара вистинска револуција во фудбалот.

Имено, Венер преглада Светкото првенство да се игра на секои две годијни, наместо на четири како сега.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Ако погледнете добро и ги анализирате тимовите кои настапуваат на Светските првенства, просечната година на еден тим е измеѓу 27 и 28 години. Тоа е така поради тоа што Светското првенство се игра на секои четири години, па затоа еден фудбалер има многу помали шанси да го освои кога ќе се врати со 32 или 33 години. Можеби треба да го организираме Светското првенство на секои две години“, изјави Венгер.

„Календарот на меѓународни натпревари е една од клучните точки на следниот состанок. Едно од решенијата за кои ќе разговараме е да ги вметнеме квалификациските натпревари на вистински начин. Наместо да играат во септември, октомври, ноември, март и јуни, предлогот е сите натпревари да се играат во еден месец или во два термини, октомври и февруари. Ако ова може да се договори, играчите може мирно да им се посветат на клубовите“, истакна Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Револуција: Во Премиер лигата од наредната сезона ќе гледаме сосема поинакви ТВ преноси!

Во Премиер лигата од наредната сезона ќе гледаме ТВ преноси какви што досега немало. Споре…