Француските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен наскоро ќе испрати понуда до менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.
Трофејниот стручњак претходно ги одби двете понуди од „светците”, но оваа би можел да ја прифати бидејќи се поголем е револтот кај навивачите на Арсенал од шампионскиот пост кој трае веќе 12 години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговиот актуелен договор истекува на крајот од актуелната сезона, а уште нема најави дека ќе бидат почнати преговори за негово продолжување.
Причина за притисокот што го планира ПСЖ е слабата форма на тимот под водство на Унаи Емери. „Светците” се наоѓаат на третата позиција на табелата во француското првенство со пет бода негатива во однос на лидерот Ница.
Сопствениците на францускиот шампион веќе размислуваат за нов тренер и се оптимисти дека ќе можат да го убедат Арсен Венгер.