Aрсен Венгер нема клуб и веројатно нема да има затоа што започна со работа во ФИФА.
Венгер сега зборуваше за неговиот поранешен клуб и порача дека Арсенал станал нечовечки клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога пристигнав во Арсенал имаше 80 луѓе, а кога заминав 750. Тоа е премногу, секој размислува само да се спаси себеси. За мене организацијата треба да има 150 луѓе и треба да се задржи човечноста. Најмногу жалам затоа што Арсенал стана нечовечки клуб. Почуствував дека работите ми излегуваат од контрола и затоа одлучив да заминам“, објасни Венгер.
Во овој момент Арсенал е предводен од Фреди Љунберг. Венгер со задоволство се понуди да помогне ако е потребно.
„Секогаш со задоволство им помагам на своите поранешни играчи и мојот поранешен клуб. Ако има потреба тука сум да помогнам. Не сакам премногу да го коментирам Арсенал. Им посакувам се најдобро. Фреди е фантастичен и посакувам да ја задржи работата што подолго“, изјави Љунберг.