Дома Фудбал Останато Венгер: Ако тогаш имавме ВАР историјата на фудбалот ќе беше поинаква

Венгер: Ако тогаш имавме ВАР историјата на фудбалот ќе беше поинаква

Aрсен Венгер минатата сезона после 12 години ја напушти клупата на Арсенал.

Францускиот стратег со многу успех го водеше лондонскиот клуб и стигна до три титули во Премиер лигата, а освојуваше и други трофеи.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сепак, Венгер со Арсенал не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Најблиску беше во 2006 година кога неговиот тим во финалето беше поразен од Барселона со 2:1.

Арсенал таа година играше одлично и во групата во која беше со Тун, Ајакс и Спарта Прага помина без многу проблеми.

Потоа во осминафиналето го исфрли Реал Мадрид, во четвртфиналето беше подобар од Јувентус. Следуваше полуфинале против Виљареал, „топџиите“ ја поминаа и таа препрека и стигнаа до финале против Барселона.

Во од оваа година се користи ВАР, па на Венгер му беше поставено прашањето: Во кој натпревар во својата кариера би сакал да имало ВАР?

„Тоа е финалето во Лигата на шампионите затоа што мислам дека имаше офсајд кога Ето постигна гол за изедначување. Ако во тој натпревар имаше ВАР историјата на фудбалот ќе беше поинаква“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Клоп може експресно да го напушти Ред Бул и повторно да биде тренер!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, е сериозен кандидат за тренерската позиција в…