Тимот на ПАОК објави дека потпишал нов договор со македонскиот голман Виктор Гигов.




Гигов и во сезоната 2022/2023 ќе го чува голот на грчкиот тим. Она што посебно привлекува внимание е што велешанецот ќе ги брани боите на солунскиот клуб на 44 години.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Во тимот на ПАОК тој дојде пред две години, а минатата сезона со клубот го освои третото место во првенството. Претходно настапуваше за клубoви како Mладост Богданци, Борец, ИБВ од Исланд и Анталијаспор од Турција.