Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Вегхорст влезе и ја сруши храбрата Полска 🎥

Вегхорст влезе и ја сруши храбрата Полска 🎥

Во првиот натпревар од денешната програма на Европското првенство Холандија славеше против Полска со 1:2.

Ова беше натпревар на две селекции кои имаа многу проблеми со повредени фудбалери, а на крајот како поуспешни се покажаа Холанѓаните. Полска настапи без првата ѕвезда Роберт Левандовски, додека кај Холандија на неколку дена пред ЕП отпаднаа Френки Де Јонг и Копмајнерс.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Полска и без Левандовски на теренот изгледаше добро и прва стигна до водство по еден корнер во 16. минута кога топката во мрежата ја смести Букса. Напаѓачот на Ливерпул, Коди Гакпо на истекот на половина час игра донесе изедначување. Тоа беше и резултатот со кој се замина на паузата. Во второто полувреме Холандија имаше иницијатива, меѓутоа и Полска знаеше да се закани.

Важните три бода за Холандија во ова прво коло ги донесе Вегхорст кој на теренот влезе во 81. минута на местото на Гакпо и погоди само две минути подоцна.

Треба да се истакне и одличната одбрана на 21-годишниот холандски голман Барт Вербруген во 89. минута од натпреварот која беше исто толку важна како и голот на Вегхорст.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …