Жоржињо Вајналдум како големо засилување пристигна во ПСЖ, но после само шест месеци може да си замине од Париз.
Холанѓанецот после неколку добри сезони се одлучи да го напушти Ливерпул затоа што сакаше нов предизвик во својата кариера, иако „црвените“ му нудеа нов договор тој ги одби.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вајналдум имаше неколку понуди и во игра беше и Барселона, но на крајот се одличи за ПСЖ.
Холанѓанецот не добива голема минутажа во Париз, самиот призна дека не е среќен и веќе размислува да ја промени средината.
Англиските медиуми пренесуваат дека во јануари би можел да се врати во Премиер лигата и да потпише за Њукасл.
Вајналдум токму во Њукасл ја доживеа својата фудбалска афирмација пред да се пресели во Ливерпул, а сега клубот има богати сопственици и нема да жали пари да го врати.
🚨 Georginio Wijnaldum has no interest in rejoining Newcastle.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 11, 2022
(Source: Football Insider) pic.twitter.com/Ll0tfZq3uy