Македонскиот женски ракометен шампион, тимот на Вардар продолжува да реди победи, вечерва тиа забележаа триумф на гостувањето во Љубљана против домаќинот Крим со 29:32 во рамките од ВРХЛ регионалното натпреварување.
По првиот дел „црвено-црните“ девојки имаа минимална негатива од 18:17, но во вториот половина час работите дојдоа на свое место и на крајот фаворитот без проблеми дојде до победата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со оваа средба всушност започна вториот турнир од регионалното натпреварување. На првиот турнир кој се играше во Подгорица, Вардар беше подобар од Будуќност и Крим, а токму со Будуќност „црвено-црните“ девојки ќе играат и утре со почеток во 16 часот.