По вчерашниот дебакл од Воска Спорт, екипата на Вардар ја напушти тренерот Горан Петрески кој си заминува заедно со неговиот стручен штаб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Петрески во изјава за клупскиот сајт ја потврди својата оставка.
“Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”, изјави Петрески.
Во овој момент не е познато кој ќе биде неговиот наследник.