Екипата на Вардар утрово најави дека за натпреварот против Шкендија в сабота како мотив за фудбалерите се подготвува специјална кореографија.
Бојана Скендеровски ќе биде дел од кореографијата на навивачите со својот настап пред натпреварот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред почетокот на натпреварот, на фудбалскиот терен, таму каде што нашите фудбалери 90 минути ќе бијат жестока битка, пеачката Бојана Скендеровски ќе испее една од најубавите македонски песни, како дел од кореографијата на нашите верни навивачи.
Веруваме дека тоа ќе биде дополнителен мотив за нашите фудбалери, а секако и поттик за голема поддршка од трибините!
Не го заборавајте македонското знаме и не заборавајте – во 14:00ч на стадион!
,,Гроб со гроба ќе покријат…”, стои во соопштениоето од клубот на социјалните мрежи.