Вардар експресно се врати на победите после поразот од Е.Пелистер во минатото коло и лесно го совлада Тиквеш (34:27).
Дибиров беше лидерот на „црвено-црните“ и во првото полувреме постигна 9 гола, а Вардар на пауза замина со пет гола предност 18:13.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ништо не се промени во играта ниту во второто полувреме кога Вардар рутински ја одржуваше предноста и на крајот победи со 34:27.
Тимур Дибиров беше најефикасен со 11 гола, додека најефикасни кај Тиквеш беа Темелкоски и Симиќ со по шест постигнати гола.