Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар загуби, но дома ќе брка четвртфинале!

Вардар загуби, но дома ќе брка четвртфинале!

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар не успеаја во настојувањата на коло до крајот од групната фаза да ја потврдат лидерската позција во Фрупата Б во Лигата на шампионите, откако беа поразени на гостувањето во Белорусија, кај значително ослабената екипа на Мешков Брест.

Вардарци добро го започнаа натпреварот, но нивната доминација на гостинскиот терен траеше само во првите дваесетина минути од натпреварот, а потоа загубија ритам и со серија грешки му дозволија на Мешков Брест да ја преземе иницијативата и резултатската предност, па на крај и да слави победа. Вардар го имаат почетното водство и до дваесеттата минута водеа со гол до два разлика, што беше резултат на брзата и ефикасна игра во нападот и сигурниот Арпад Штербик на голот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Игор Карачиќ и Иван Чупиќ постигнаа по пет, а Тимур Дибиров заврши со четири гола за Вардар. Арпад Штербик го заврши натпреварот со 10 одбрани. Владислав Остроушко и Џанис Криштопанс со по седум гола го предводеа нападот на Мешков Брест, а сигурен на голот на домаќините беше Хрватот Иван Пешиќ кој заврши со вкупно 14 одбрани од кои 10 ги забележа во првиот дел.

По некомплетното 13-то коло, Вардар и покрај поразот останува на првата позиција на табелата во Групата Б со 18 бода, а во последното коло ќе игра против против моментно последнопласираниот Кристијанштад.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…