Дома Фудбал Англија Ван Дајк го избра играчот против кого му е најтешко да игра

Ван Дајк го избра играчот против кого му е најтешко да игра

Со одличните настапи во дресот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк прерасна во еден од најдобрите стопери на денешницата, многумина ќе кажат и најдобар.

Претходната сезона Холанѓанецот никој не успеа да го издрибла, а со Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и така влезе во конкуренција за најдобар играч во светот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, иако на теренот изгледа како некој кој е огромна пречка за ривалите постои играч против кого му е најтешко да игра.

Ван Дајк откри дека напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро е играчот против кого му е најтешко да игра. Токму Аргентинецот го постигна првиот гол во последниот натпревар помеѓу Сити и Ливерпул кога беше 2:1.

За најдобар играч со кој играл го избра Фирмино, додека најдобар на сите времиња според него е Роналдињо.

Холанѓанецот избра и најдобар натпревар, а неговиот избор беше триумфот на Ливерпул над Барселона од 4:0 во полуфиналето од Лигата на шампионите минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…