Дома Фудбал Останато Ван Гал поради семејна трагедија стави крај на кариерата!

Ван Гал поради семејна трагедија стави крај на кариерата!

Еден од најтрофејните светски тренери, Холанѓанецот Луис Ван Гал соопшти дека дефинитивно се повлекува од фудбалот и тоа поради сејемни причини.

Медиумите соопштија дека причина за ваквата одлука е трагедијата што му се случи во семејството на познатиот тренер, односно смртта на неговиот посвоен син.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Можеше да се оди Кина, но сеуште сум тука, во Холандија. Толку многу работи се случија во моето семејство дека бев принуден да погледнам на работите поинаку“, изјави Ван Гал.

Холанѓанецот во својата богата кариера освои 20 трофеи со Ајакс, Барселона, Баерн Минхен и АЗ Алкмар а беше и селектор на Холандија со која на последното СП освои 3 место.

Последен клуб кој го тренираше Ван Гал беше Манчестер Јунајтед со кого освои ФА куп, за кој вели дека му е еден од најдрагите трофеи во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…