Четири трофеи од Лигата на шампионите има Меси покрај своето име, десет во Ла Лига, шест во Купот на шпанија…Како и уште голем број клупски и индивидуални награди, но и понатаму често пати слушаме критики на негова сметка.
Сега последен кој го критикуваше Меси е Луис Ван Гал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прославениот холандски стратег од март оваа година и официјално е во пензија, а сега порача дека Меси го интересираат само индивидуалните награди.
„Колку пати Барселона ја освои Лигата на шампионите со оној кој за кој кажуваат дека е најдобар играч во светот? Погледнете го и Нејмар, колку тој освои такви трофеи, а зборуваат дека е еден од најдобрите на планетата? Тоа се добри индивидуалци, но не и тимски играчи. Верувам дека фудбалот е колективен спорт и дека во него ништо не е поважно од тоа да се биде тимски играч“, остар беше Ван Гал во интервјуто за „Ел Паис“.
„Меси би требало да се запраша како е можно толку долго, веќе четири сезони да не го освои најважниот трофеј во клупскиот фудбал. Ми се допаѓа како индивидуалец, неговата статистика е фантастична, меѓутоа сето тоа паѓа во вода ако не ја освојувате Лигата на шампионите, тогаш секој капитен треба да се запраша зошто вашиот тим не е успешен во Европа. Освен тоа Барса има одличен тим, тука се Иван Ракитиќ Фелипе Кутињо. Видал, Артур, Жорди Алба, Тер Штеген…Не се плашам да кажам дека Меси е одговорен за неуспехот на Барселона во Европа“, јасно порача Ван Гал.
Оваа негова изјава сигурно ќе крене прашина во фудбалскиот свет.