Играчот за врска на Челзи, Џон Оби Микел кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Примера во дресот на Валенсија.
Договорот на Нигериецот истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека не е во плановите на Конте, Челзи му дозволи да си најде нов клуб.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Оби Микел веќе започнал преговори со Валенија и набрзо би можел да се пресели во Шпанија.
„Се сретнав со Микел во Лондон пред Божиќ. Побарав дозвола од Челзи да разговарам со него и ја разгледувавме можноста да дојде во Валенсија. Преговорите сеуште траат“, потврди директорот на Валенсија, Хесус Гарсија.
Покрај Валенсија силен интерес за Микел покажува и Олимпик Марсеј како и некои кинески клубови.