Дома Фудбал Валенсија демантира дека ќе го продава Солер во Барселона

Валенсија демантира дека ќе го продава Солер во Барселона

Во Шпанија денеска одекна веста дека Барселона постигнала договор со капитенот на Валенсија, Карлос Солер.

Вестникот „АС“ објави дека Барселона решила да го продаде Френки де Јонг во летниот преоден рок и на негово место да го доенсе Карлос Солер.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Валенсија официјално ја демантираше оваа информација и потврди дека ова е лажна информација.

„Како одговор на приказната објавена во Диаиро АС, Валенсија демантира постоење на било каков договор, но и преговори околу трансфер на Карлос Солер  во Барселона. Клубот отвори преговори со фудбалерот за продолжување на договорот“, се вели во објавата на Валенсија.

25-годишниот Солер е приозвод на академијата на клубот и игра уште една одлична сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабио Канаваро доби егзотична покана, ќе предводи репрезентација на Мундијалот?

Легендата на италијанскиот фудбал и освојувач на Светското првенство 2006 година, Фабио Ка…