Францускиот напаѓач Антоан Гризман неодамна соопшти дека ќе го напушти Атлетико Мадрид на крајот од оваа сезона.
Гризман изминатиот викенд го одигра последниот натпревар во дресот на клубот од Мадрид бидејќи јавно призна дека на лето ќе ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од тој момент Гризман се поврзува со неколку клубови, но најмногу со Барселона. Французинот на чекор од Барселона беше и минатиот преоден рок, па поради тоа Каталонците се истакнаа како први фаворити после објавата на Гризман.
Сепак, додека нема официјална потврда од некоја од двете страни дека Гризман оди во Барселона, може да се случи пресврт.
Меѓутоа дека Барселона преговара со Гризман сега потврди и стратегот на каталонскиот гигант кој објасни и зошто се уште нема официјална потврда за трансферот на францускиот напаѓач.
„Точно е дека се остварени контакти на таа тема, но преговорите се во тек. Сезоната за нас не е завршена и имаме уште финале во шпанскиот куп. Мораме да останеме фокусирани до крајот и после финалето ќе има време за други работи. Во овој момент сакам да зборувам само за нашите играчи“, изјави Валверде.