Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ја објасни причината зошто го остави Лео Меси на клупата синоќа против Јувентус во Лигата на шампиони.
Аргентинската мега-ѕвезда натпреварот го започна од клупата што беше големо изненадување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Меси играше премногу натпревари од почетокот на сезоната и носи голема одговорност на грбот. Му дадов малку одмор. Знаевме дека мечот ќе се отвори во второто полувреме и сакав да го пуштам свеж, со идеја да ја раздвижи играта. Тоа беше вистинскиот натпревар во кој Меси може да на игра цели 90 минути“, објасни Валверде.
„Не кријам дека сум задоволен со ремито во Торино. Евентуален пораз овде можеше да ја направи ситуацијата опасна за нас во последниот меч против Спортинг“, изјави Валверде.