Екипата на Барселона во рамките од петото коло во Лигата на шампионите утре ќе го одигра својот натпревар против Јувентус.
По повод овој натпревар Ернесто Валверде денес одржа конференција за медиумите, а на истата тој беше запрашан за ситуацијата со договорот на Лионел Меси.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Сега не е време да размислуваме на договорот со Меси. Во овој момент е важно да се фокусираме на натпреварот против Јувентус. Очекуваме да ја видиме најдобрата верзија на италијанскиот шампион. Тие се навистина силен тим и имаат одличен напад. Ќе се обидеме да ја играме нашата игра и да им оставиме колку што е можно помалку простор“, изјави Валверде.
Натпреварот помеѓу Јувентус и Барселона се игра утре со почеток во 20:45 часот.