Фудбалерот за врска на Барселона, Иван Ракитиќ е сѐ поблизу од заминување од Ноу Камп и се поизвесно е дека кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тој е веќе на излезната врата на Барса, а синоќа мечот против Бетис го следеше од клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Валверде дал зелено светло за негово заминување, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува италијанскиот шампион Јувентус.
Вреднста на Ракитиќ на фудбалскиот пазар се проценува на околу 40 милиони евра, а Барса веќе одби една понуда од „бјанконерите“. Имено, Јувентус понуди трампа во која ќе биде вклучен Емре Чан или Манџукиќ, но Барселона кажа НЕ.
Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, па се очекува во наредните денови Јувентус да испрати подобрена понуда за Ракитиќ.
Meeting between Barca and Juve over Rakitic https://t.co/NA2enrFETN
— SPORT English (@Sport_EN) August 25, 2019