На фудбалски натпревар од регионалната лига во Велс бевме сведоци на една неверојатна сцена.
Имено во натпреварот помеѓу Баглан Драгонс и Кумарн Селтикс беше уапсен фудбалерот Џордан Еванс.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во игра тој влезе при резултат од 1:3 за гостите, а во 72. минута постигна гол за целосен пресврт и водство од 4:3. Но, тогаш полицијата неочекувано влета на теренот и го уапси, па натпреварот бил прекинат.
Од клубот ја објаснија ситуацијата.
Баглан Драгонс се свесни за видео кое кружи на социјалните мрежи на кое се гледа инцидент во кој е вмешан еден од нашите играчи. Сакаме да потврдиме дека тој беше приведен во 85. минута бидејќи бил осомничен за кражба. Но, може да потврдиме и тој беше ослободен од полицијата на Јужен Велс неколку часа подоцна“, објавија од клубот.