Дома Фудбал Англија Ваква ситуација на „Олд Трафорд“ ретко се гледа (ФОТО)

Ваква ситуација на „Олд Трафорд“ ретко се гледа (ФОТО)

Голема бројка на навивачи не сакаа да го гледаат Манчестер Јунајтед против Астана.

Јунајтед вчера дојде до победа и со резултат од 1:0 ја совлада Астана на отварањето на Лига Европа, а овој натпревар не беше во голема бројка следен од фановите на Јунајтед на Олд Трафорд.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Некои од фотографиите на стадионот укажуваат дека бројот на празни столчиња е огромен.

Сигурно и самиот ривал од Казахстан не е доволно атрактивен и привлечен за навивачите на најтрофејниот англиски клуб, но и Манчестер не е во најдобра форма, но тоа никогаш не било причина за Црвените Ѓаволи да не го наполнат Олд Трафорд.

Официјално на стадионот имало 50.783 гледачи , што е за 8.000 повеќе од изминатата најслаба посета на натпревар на Јунајтед во Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шешко ги скара легендите на Јунајтед, Аморим го откри главниот проблем на Словенецот

Формата на скапо платениот голгетер на Манчестер Јунајтед, Бенјамин Шешко, стана сериозна …