Дома Фудбал Англија Важен потпис во Манчестер: Родри ја продолжи верноста кон Сити

Важен потпис во Манчестер: Родри ја продолжи верноста кон Сити

Eден од најстандардните фудбалери на шампионот на Англија, Манчестер Сити, Родри го продолжи договорот и ќе остане на „Етихад“ до 2027 година.

Родри во редовите на Манчестер Сити дојде во 2019 година од Атлетико Мадрид за 62 милиони евра и одлично се вклопи во концепцијата на Пеп Гвардиола.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Шпанскиот играч за врска има 26 години, а во изминатите три сезони одигра 151 натпревар за „граѓаните“ и со седум голови помогна Сити да дојде до шампионската титула во Премиер лигата.

Родри беше стрелец во последното коло кога Манчестер Сити направи пресврт против Астон Вила враќајќи се од 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Велкоски не запира: На Ристовски и Елези ќе им се придружи поранешен фудбалер на Јувентус?!

Како што објави 24сата, ФК Сараево е заинтересиран да го донесе некогашниот играч на Јувен…