Дома Македонски спорт Мак фудбал Бурно било во македонскиот второлигаш: За местачи нема место!

Бурно било во македонскиот второлигаш: За местачи нема место!

Вчера било бурно во таборот на македонскиот второлигаш Осогово.

Овој викенд Осогово загуби со 2:5 од Саса. Како што пишуваа локалните медиуми после тој натпревар клубот ги избркал голманот Ѓорѓи Јовановски и Андреј Коцевски.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Дека навистина се случувало доказ е вчерашниот Фејсбук статус на Венко Крстевски кој е дел од управата на македонскиот второлигаш. Крстевски напиша:

„За нечесни и недисциплинирани фудбалери, пијаници и местачи нема место во чесен клуб“.

Осогово оваа сезона се пласираше во втората македонска лига меѓутоа засега не ми оди баш најдобро бидејќи се последни на табелата со само една победа во осум натпревари.

Фото: ГФК Осогово

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…