Дома Фудбал Англија БУМ кај медиумите на Островот: Бензема пристигнува во Лондон?!

БУМ кај медиумите на Островот: Бензема пристигнува во Лондон?!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема како што се наведува веќе ги договара условите за преминување во лондонски Арсенал.

Како што наведува Мирор, францускиот напаѓач ја прифатил понудата на лондонскиот клуб. Подготвен е да пристигне на „Емирати“, а преостана само да се договори цената помеѓу двата клуба.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Меѓутоа, тоа ќе оди малку потешко. Аесенал е подготвен да издвои 35 милиони фунти за услугите на 30-годишниот напаѓач, додека Кралевите бараат нешто повеќе од 50 милиони фунти.

Сепак, во следните денови лесно би можело да се случи договорот да биде постигнат и Бензема да го облече дресот на „Топчиите“.

Бензема член на Реал стана во 2009. година. Пристигна од Лион за 35 милиони евра, а во 387 натпревари за Кралевите постигна 186 погодоци.

Оваа сезона меѓутоа, неговата форма е очајна, па постигна шест погодоци во 22 настапи за тимот од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер на чекор до големо засилување

Според трансфер експертот Фабрицио Романо, Интер е во напредни преговори со крилото на Оли…