Фудбалерите на Барселона синоќа на Камп Ноу со минимални 1:0 го совладаа градскиот ривал Еспањол во рамките на 35. коло од шпанската Ла Лига.
Во првото полувреме домашниот тим беше очаен на теренот и после 45 минути игра ниту еднаш не упатија удар на голот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На почетокот од вториот дел Кике Сетиен на теренот го внесе Ансу Фати, но само четири минути подоцна овој тинејџер заработи директен црвен картон.
Фати жестоко фаулираше противнички играч, а судијата прво му покажа жолт картон. Но, откако ја прегледа снимката ја смени одлуката и го испрати Фати директно во соблекувалната.
@ansufati red card #BarcaEspanyol pic.twitter.com/nnLlifMxPE
— woso (@wo_wo2001) July 8, 2020