Дома Фудбал Останато БРУКА: Обезбедувањето на го пушташе Дел Пјеро кај Меси – Алекс возврати со спектакуларно селфи!

БРУКА: Обезбедувањето на го пушташе Дел Пјеро кај Меси – Алекс возврати со спектакуларно селфи!

Неверојатни сцени доаѓаат од Русија, каде легендата на италијанскиот фудбал Алесандро дел Пјеро доживеа голема непријатност.

Имено, Италијанецот сакаше да влезе во хотелот каде што се наоѓаат аргентинските фудбалери кои играат пријателска средба против Русија, но еден човек од обезбедувањето не му дозволуваше да влезе.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Иако сите околу него му укажуваа на фактот дека тоа е Дел Пјеро, икона на светскиот фудбал, сепак „глупакот“ не сакаше да попушти.

За среќа дошол еден од тренерите на аргентинската репрезентација, па го „внесол“ Дел Пјеро во хотелот.

Алекс потоа направи спектакуларно селфи заедно со Дибала, Агуеро и Меси и преку социјалните мрежи праша:

„Кој ќе беше „десетката“ ако игравме заедно во ист тим“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Њукасл од Јувентус доби понуда „што не се одбива“, а тоа значи и дека Исак оди во Ливерпул?

Ливерпул не сака да се откаже од потпишувањето на Александер Исак од Њукасл, и ќе направи …