Според британските медиуми, напаѓачот на Јувентус Душан Влаховиќ по завршувањето на Светското првенство би можел да направи трансфер во Премиер лигата и тоа во редовите на Манчестер Јунајтед.




Реномираниот „Телеграф“, пренесува дека менаџерот на Јунајтед Ерик тен Хаг бара од челниците на клубот да го доведат Влаховиќ.




Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
„Јунајтед сака да го искористи неуспехот на Јувентус во Лигата на шампионите и да го ангажира 22-годишниот напаѓач. Србинот постигна 17 гола на 36 натпревари за Јувентус. Влаховиќ на почетокот на годината беше поврзуван со Арсенал и Тотенхем, но тој одлучи да ја продолжи кариерата во Јувентус“, наведува „Телеграф“.




Заедно со српскиот репрезентативец Ерик тен Хаг, на листата на желби е и Словенецот Бенјамин Шешко, фудбалер на Салцбург, а се проценува дека Манчестер Јунајтед ќе треба да му плати на австрискиот клуб обештетување од околу 40 милиони фунти. за него.