Дома Македонски спорт Мак фудбал Брера со еврогол на Јанкулов го победи Вардар 🎥

Брера со еврогол на Јанкулов го победи Вардар 🎥

Денес се одиграа натпреварите од првото коло во Првата македонска фудбалска лига, а еден од натпреварите кои привлекуваа најголемо внимание беше дуелот помеѓу Брера и Вардар во Струмица.

Според очекувањата Брера и Вардар понудија интересен натпревар, најголемата шанса во првите 45 минути ја имаше Ване Крстевски кога Гачевски фантастично интервенираше и го спаси Вардар.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Моментот на одлука се случи во 58-та минута кога Јанкулов постигна прекрасен гол кој сигурно ќе влезе во конкуренција за еден од најубавите голови во сезоната, иако е само прво коло.

Шампионот Струга Трим Лум одбраната на титулата ја започна со минимална победа против Гостивар, единствениот гол на натпреварот беше дело на Марјан Радески во 22-та минута.

Минимална победа забележа и Шкендија против Воска Спорт, стрелец на погодокот беше Алмир Аганспаќик во 91-та минута.

Во останатите натпревари Македонија ЃП беше поразена од Тиквеш со 0-1 во Кавадарци, а голот за славје го постигна Иван Ивановски во 42. минута, додека Брегалница од Штип славеше со 2-1 против Силекс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…