Во Италија повторно се појави тема за да се коментира регуларноста на првенството и повторно обвинуван е тимот кој долги години доминира на „Чизмата“, Јувентус.
Медиумите во Италија објавија дека на Интер во саботниот натпревар против Џенова ќе му суди братот на менаџерот на стадионот на Јувентус во Торино. Навивачите на Интер се гневни и упатуваа критики на социјалните мрежи, претпоставувајќи дека ова е очигледна намера и обид да се наштети на „нероаѕурите“. Клубот од Милано засега официјално не се огласил.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На Интер против Џенова ќе му суди Лука Паирето кој е брат на Алберто Паирето, менаџер на стадионот на Јувентус.
За се да биде уште повеќе скандалозно татко на Лука и Алберто е Пјерлуиџи Паирето кој беше вмешан во познатиот скандал „Калчополи“.
Останува да се чека официјална реакција од Интер или пак некое објаснување од Јувентус кое медиумите на Апенините сигурно ќе го бараат.