Фудбалерот на Челзи, Вилијан се често се споменува како мета на заинтересираните екипи, а во прв план се најдоа две, Манчестер Јунајтед и Барселона.
Не е тајна дека Жозе Мурињо сака да го види омилениот играч за врска на „Олд Трафорд“, проблем би претставувало тоа што се ривалски екипи, но тоа не го спречи Хуан Мата да се одлучи за истиот потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Менаџерот на „Црвените ѓаволи“ како што се наведува го означил Бразилецот како примарна мета ова лето, а со оглед на тоа дека Вилијан беше елиминиран со Бразил на Мундијалот во Русија и ќе може да се сконцентрира на клупската кариера.
Од друга страна, се појави и Барселпона, заминувањето на Паулињо би можело да ја отвори вратата на својот сонародник, а стигна и „амин“ од најдобриот фудбалер на Каталонците,Лео Меси.
Вилијан зад себе има одлични партии во Русија, 29 години има и Челзи го процени на 60 милиони фунти.
Сумата која може да ја одвојат Јунајтед и Барселона, во случај лондонскиот клуб да прифати трансфер.