Дома Фудбал Германија Борусија тврди: Халанд ќе остане уште долго

Борусија тврди: Халанд ќе остане уште долго

Спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк ја затвори вратата за трансфер на Ерлинг Халанд.

Халанд игра фантастично во дресот на „милионерите“ и многу европски гиганти го посакуваат во своите редови.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Халанд игра одлично и сите сме среќни. Не гледам причина зошто да се прекинува неговиот развој овде. Мислам дека ќе остане уште долго во Дортмунд“, изјави Цорк.

Халанд пристигна во Дортмунд минатиот јануари и потпиша договор со 2024 година. Според некои извори, тој во договорот има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа стапува на сила после 2022 година.

Халанд од своето деби во Бундеслигата постигна 23 гола на 22 меча.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Мурињо го спасува Џејдан Санчо

Џејдан Санчо е блиску до трансфер во Фенербахче, тврди “Сан”. Клубот на Жозе Мурињо понуди…