Попладнево менаџерот и таткото на Ерлинг Халанд пристигнаа во Барселона на преговори со претседателот на каталонскиот клуб.
Мино Раиола и Инге Халанд беа фотографирани како пристигнуваат во Баселона, а медиумите тврдат дека ќе преговараат за трансфер на голгетерот на „Камп Ноу“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа вест е главна тема во сите спортски медиуми, па јавно се огласија од Борусија Дортмунд и ја кажаа својата позиција.
„Вчера се слушнав со Раиола. Јасно му ја кажав нашата позиција дека не сакаме да го продаваме Халанд ова лето“, изјави спортскиот директор на Дортмунд, Михаел Цорк.
Во договорот на Халанд има откупна клаузула од 75 милиони евра која ќе се активира следното лето, па Дортмунд може да добие повеќе пари доколку го продаде ова лето.