Борисија Дортмунд започнала преговори за евентуален трансфер на Никлас Зуле на „Сингл Идуна Парк“, пренесуваат германските медиуми.
Зуле минатата недела го информираше раководството на Баерн за неговата одлука да ги прекине сите преговори за продолување на соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, па Борусија Дортмунд сака да ја искористи ситуацијата и да го донесе без обештетување.
Баерн последно се обиде да го убеди да остане со понуда од 10 милиони евра по сезона, но 26-годишниот дефанзивец одлучи да го напушти клубот.
Тешко дека Дортмунд ќе може да му понуди повисока плата, а ќе треба да ја победи и конкуренцијата од Челзи и Реал Мадрид.