Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи беше примарна трансфер цел на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, но сепак трансферот не се реализираше.
„Граѓаните“ во неколку наврати минатото лето се обидоа да го донесат Италијанецот на „Етихад“, па дури понудија и 60 милиони евра, но на крајот Бонучи се одлучи да остане во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не беше лесно да му се каже не на Манчестер Сити. Кога ќе видите дека најдобриот тренер во светот, Пеп Гвардиола ве цени и има само убави зборови за вас, тешко е да кажете не. На крајот го послушав срцето“, истакна Бонучи.
„Среќен сум што играм за Јувентус, еден од најголемите клубови во Италија и светот, и сакам да триумфирам во Италија и Европа. Дресот на Јуве е како втора кожа за мене“, додаде одличниот дефанзивец.