Дома Топ вести БОМБА: ПСЖ е спремен да го жртвува Мбапе поради Нејмар

БОМБА: ПСЖ е спремен да го жртвува Мбапе поради Нејмар

Минатото лето ПСЖ за неверојатни 400 милиони евра ги донесе Нејмар и Мбапе во своите редови, но тоа изгледа не е крај на лудориите на богатиот француски клуб.

Само неколку дена откако беше активирана откупната клаузула за Мбапе од 180 милиони евра, на „Паркот на принцовите“ размислуваат како да се „ослободат“ од младиот Французин, а причина за тоа е Нејмар.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мадридскиот весник „Ел Паис“ тврди дека првиот човек на „сцетците“ Насер Ал Келаифи планира на лето да и го понуди Мбапе на Барселона, а во замена да го добие Филипе Кутињо и пари! Колку и да звучи ова нереално, споменатиот медиум објави „факти“ за ваквата информација.

Имено, се појавија информации дека Нејмар е повторно несреќен, а причината за тоа овој пат е Мбапе. Младиот Французин игра фантастично, па може дури да го засени Нејмар, што е недопустливо, бидејќи Бразилецот не сака да биде во ничија сенка.

Притоа, Нејмар е одличен пријател на Кутињо и од сопствениците уште минатото лето побара да го донесат во Париз, па многу се разчара кога неговиот сонародник се пресели на „Камп Ноу“.

Поради ова катарските сопственици се спремни да го жртвуваат Мбапе, само да го направат среќен најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…