Дома Фудбал Италија „Бомба“ одекна на „Чизмата“: Еден од најсилните клубови во Серија А ставен на продажба!?

„Бомба“ одекна на „Чизмата“: Еден од најсилните клубови во Серија А ставен на продажба!?

Од денес во Италија на големо се пишува за следново – Наполи може да добие нов газда!

Според информациите еден од посилните тимови во Серија А може да добие нов сопственик бидејќи претседателот, Аурелио Де Лаурентис наводно сака да го продаде Наполи, но апетите му се големи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во текот на денот во Италија одекна веста од наполитанските медиуми дека Де Лаурентис има понуда за продажба на клубот.

Се зборува дека тој сака да се ослободи од Наполи за да вложи пари во Бари каде што има подобар однос со раководството на градот дури на некој начин и поверна публика.

На „Чизмата“ се пишува дека банката Лазард која била ангажирана да најде купувач доставила понуда од 400 милиони евра, но газдата на клубот таа ја одбил.

Имено, тој сака барем 700 милиони евра и тоа негово барање го правда со фактот дека клубот е финансиски стабилен, нема кредити, а покрај тоа има и играчи кои многу вредат и од кои може добро да се заработи, пред се тука се мисли на Кулибали.

Тешко дека неименуваниот купувач ќе се согласи да ја плати сумата од 700 милиони евра, но треба да се почека, Де Лаурентис е полн со изненадување, а се шпекулира дека ако го продаде Наполи би можел да купи некој клуб во Англија од Чемпионшип.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…