Медиумите во Шпанија вечерва ексклузивно јавуваат дека Мохамед Салах ги прифатил сите услови со Реал Мадрид и дека на крајот од сезоната ќе се пресели во гигантот од Ла Лига.
Салах оваа сезона игра одлично, па така е прв стрлец во Премиер лигата, додека во 43 настапи постигна 38 гола и додаде 13 асистенции. Многу гиганти се поврзуваа со него, но како што јавуваат од Шпанија најзаинтересиран бил Реал Мадрид, па стапил во контакт со него по натпреварот со Манчестер Сити и ги договорил условите кој тој ги прифатил.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вредноста на 25-годишниот Салах според „Trasfermarket“ е само 80 милиони евра, а нема сомнеж дека Ливерпул тешко ќе прифати помал износ од оној бараниот 220 милиони евра. Поради контактирањето на Салах и договорените услови со Реал Мадрид сигурно дека нема да помине поефтино, а ако Кутињо си замина на овој начин, нема подобро да помине ниту со Салах.
Останува да видиме дали шпекулациите се 100% точни, а доколку се точни Роналдо и Салах би можеле да станат најдобриот тандем.