Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Ливерпул тргнува по Грилиш

„Бомба“ од Островот: Ливерпул тргнува по Грилиш

Како што пренесуваат англиските медиуми, Ванијалдум во јануари би можел да ја напушти екипата на Ливерпул, а веќе се најавува кој би можел да го замени.

Најголема желба на Клоп и раководството е капитенот на Астон Вила и репрезентативец на Англија, Џек Грилиш. Се работи за играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред и кој идеално би се вклопил во играта на „црвените“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


25-годишниоит Англичанец е мета на клубовите од Манчестер веќе подолго време, но Ливерпул сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Енфилд“ уште во јануари.

Грилиш оваа сезона одигра 12 натпревари за Астон Вила, постигнувајќи шест гола и пет  асистенции, со што додатно се зголеми неговата цена.

Ливерпул за неговиот потпис ќе треба добро да го одврзе паричникот, бидејќи Астон Вила нема да го пушти својот капитен за помалку од 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус ја сака поранешната ѕвезда на Интер

Поранешниот капитен на Интер, Милан Скринар минатото лето се пресели во ПСЖ, а сега сака д…