Дома Топ вести „Бомба“ од Каталонија: Барселона тргнува по Салах

„Бомба“ од Каталонија: Барселона тргнува по Салах

Роналд Куман откако седна на клупата на Барселона е спремен да направи голема реконструкција на тимот.

Откако заврши сагата со Лионел Меси на „Камп Ноу“, Каталонците може да се посветат на нови засилувања.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Британски „Експрес“ пишува дека Мохамед Салах е главна желба на Куман, но поради неговиот статус во Ливерпул, тешко ќе се реализира трансферот.

Не е тајна дека и претходно Барса пројавила интерес за првата ѕвезда на „црвените“, но тогаш активна беше клаузулата од договорот со Кутињо, во која шпанскиот тим не смееше две години да пазари од „Енфилд“. 

Каталонците сега ќе се обидат да го доведат Египќанецот, но трансферот е тежок за реализација бидејќи Салах е прва ѕвезда во тимот на Клоп и уште во првиот меч постигна хет-трик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…