Џанлуиџи Буфон денес со почеток во 11:30 часот ќе одржи прес-конференција на која се очекува да ја соопшти својата одлука за иднината на неговата кариера.
Фудбалскиот свет очекува легендарниот голман да стави крај на својата блескава кариера и останувањето на голот на Јувентус е опција на која и се даваат најмали шанси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Буфон неодамна доби понуда од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, а непосредно пред конференцијата се појавуваат изненадувачки информации.
Наводно, Буфон добил понуда од англискиот гигант Ливерпул!
Како што се наведува „црвените“ се спремни да му понудат договор на една година на искусниот голман.
Да потсетиме, неговата сестра во текот на вчерашниот ден за „Тутоспорт“ имаше интервју во кое истакна дека нејзиниот постар брат не е спремен да каже збогум на фудбалот.
Сепак, прес-конференцијата се одржува денес од 11:30 часот и веројатно после истата многу работи ќе бидат појасни.