За утре со почеток во 11:30 часот е закажана прес-конференција на која фудбалскиот свет очекува Џанлуиџи Буфон да објави крај на кариерата.
Денес за „Тутоспорт“ зборуваше сестрата на легендарниот голман, Вероника. Таа смета дека нејзиниот брат кој е три години помлад не е спремен да го остави фудбалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Како што кажува Вероника, таа во неговите очи се уште гледа голема глад за победување и уживање во она што најмногу сака да го прави.
„Можам да кажам дека колку повеќе го гледам на теренот, толку повеќе во него гледам играч кој не е спремен да каже збогум. Јас играв професионално одбојка и знам како е кога ставате крај на она што најмногу сакате да го правите. Јас сум сестра на Џиџи и навистина сум горда што можам да го кажам тоа, мислам дека во овој момент тој не е подготвен да стави крај“.
„Во неговите очи гледам се уште голема глад за играње и победување. Разговарав со него повеќе пати, а неговиот одговор беше само насмевка. Како поранешна спортска сакам да кажам дека спортистот заминува кога повеќе нема што да понуди, а со мојот брат тоа не е случај“, изјави Вероника за реномираниот „Тутоспорт“.