Дома Топ вести Бомба од Италија – Интер испрати понуда за „божеството“ од Рим!

Бомба од Италија – Интер испрати понуда за „божеството“ од Рим!

Симболот на градот каде што е роден и истоимениот клуб каде игра цел живот, Даниеле де Роси доби неверојатна понуда да ја напушти Рома и да премине во редовите на големиот ривал!

Договорот на Де Роси со „волчицата“ истекува за помалку од два месеци, па во моментов се водат преговори за негово продолжување. Меѓутоа, Интер денес испрати официјална понуда до неговиот агент – две годишен договор вреден 11 милиони евра (5,5 по сезона), пренесува „Скај Италија“.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Интер не е единствениот италијански клуб кој е заинтересиран за Де Роси, па медиумите тврдат дека понуди за него во наредните денови ќе испратат и Милан и Јувентус.

Рома веднаш реагираше и му понуди на Де Роси едногодишен дововор со плата од 3,5 милиони евра по сезона, која со бонуси може да достигне до 4 милиони.

Јасно е дека понудата на Рома е инфериорна во однос на оваа од „нероаѕурите“, па сега останува да видеме дали италијанскиот репрезентативец ќе се одлучи да се пресели во Милано или ќе остане верен на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Чеферин го повикал Сејдини на итен состанок, позната и причината

Претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Муамед Сејдини денес престојуваше в…