Дома Топ вести „Бомба“ од Аргентина: Реал спремен да ја плати клаузулата за Лаутаро Мартинез

„Бомба“ од Аргентина: Реал спремен да ја плати клаузулата за Лаутаро Мартинез

Аргентинските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Реал Мадрид е спремен да ја плати клаузулата за напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


22-годишен напаѓач сезонава на 18 натпревари во сите натпреварувања постигна 11 голови и има три асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Веќе подолго време се шпекулира дека Барселона и Манчестер Сити сака да го донесат Лаутаро во своите редови, а сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Реал Мадрид.

Поради потешкотиите да дојдат до потписот на Килијан Мбапе, „кралевите“ ќе се насочат кон Аргентинецот и се спремни да ја платат откупната клаузула.

Лаутаро во договорот со Интер има откупна клаузула од 111 милиони евра, па „нероаѕурите“ нема да можат да го задржат ако некој клуб ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…