Напаѓачот на Милан, Душан Влаховиќ е на радарот на многу европски гиганти, а италијанските медиуми пренесуваат дека Милан веќе започнал преговори.
Откако стана јасно дека Влаховиќ нема да го продолжи договорот, Фиорентина е спремна да го продаде, а неколку европски гиганти веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
21-годишниот српски напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А, а Фиорентина за неговиот потпис бара околу 60/70 милиони евра.
Најсилен интерес за него покажува Јувентус, но „старата дама“ во моментов има финансиски проблеми, а Фиорентина не сака да го продаде во Јувентус.
Милан смета дека Влаховиќ ќе биде идеален наследник на Ибрахимовиќ и веќе започнал преговори со Фиорентина.
Малдини сака во договорот да го вклучи Побега, кој моментално блеска во дресот на Торино и доби повик од италијанската репрезентација.
Играчот е сопственост на Милан, но Фиорентина е силно заинтересирана за него, а неговата вредност се проценува на 20 милиони евра.
„Росонерите“ се спремни покрај Побега да понудат плус 50 милиони евра, кои ќе ги платат на три годишни рати.