Дома Топ вести БОМБА: Милан го „краде“ Мората пред носот на Јувентус

БОМБА: Милан го „краде“ Мората пред носот на Јувентус

Италијанските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Алваро Мората е главна трансфер цел на Милан во летниот преоден рок.

Шпанскиот напаѓач пред почетокот на сезоната пристигна во Челзи како големо засилување од Реал Мадрид за сума од 60 милиони фунти, но после само една сезона може да го напушти „Стенфорд Бриџ“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Сините“ се спремни да го пуштат Мората, но само во случај да пристигне понуда вредна 60 милиони евра.

Веќе неколку недели медиумите тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис, но во трката за Мората се вклучи и Милан.

Имено, денес „росонерите“ имаа средба со неговиот агент, кој наводно дал зелено светло за трансферот бидејќи Мората по секоја цена сака да се врати во Италија.

Јувентус не е спремен да плати 60 милиони евра и од Челзи бара да дозволи двегодишна позајмица со право на откуп, но „сините“ не се сложуваат со таквата понуда.

Од друга страна Милан е спремен да ја плати споменатата сума, бидејќи ова лето ќе се раздели од Калиниќ и Андре Силва.

Мората, иако преферира да се врати во Јувентус, не ја исклучува можноста да го облече дресот на Милан, бидејќи на „Сан Сиро“ ќе биде прв избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…