Дома Топ вести „Бомба“: Кутињо се враќа во Ливерпул

„Бомба“: Кутињо се враќа во Ливерпул

Филипе Кутињо на почетокот од 2018 година за вртоглави 160 мил. евра си замина од редовите на Ливерпул и ја прифати понудата на Барселона, но не се снајде најдобро на „Камп Ноу“.

Како што пренесуваат медиумите во Франција Ливерпул е спремен во своите редови да го врати Фелипе Кутињо!

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во Ливерпул одлично поминаа во оваа зделка затоа што Кутињо на „Камп Ноу“ не се прослави, додека Клоп со тие пари ги доведе Ван Дајк и Алисон кој се покажаа како супер засилувања.

Кутињо не започна така лошо во Барселона освои двојна круна, но во натпреварувачката година зад нас пружи многу слаби настапи се најде на мета на критики имаше разочарувачка година и во Лигата на шампионите.

Низ медиумите името на Кутињо се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед, но Бразилецот изјави дека од почит кон навивачите на Ливерпул не би можел да игра за друг клуб во Англија.

„Ле10Спорт“ сега објави дека управата на клубот од „Енфилд“ размислува да му пружи на Кутињо втора шанса. Цената на Кутињо се движи помеѓу 80 и 100 милинони евра, а челниците на Барса немаат ништо против кога е во прашање продажбата на офанзивниот играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…