Дома Фудбал Останато Бока Јуниорс остана без тренер

Бока Јуниорс остана без тренер

Tренерот на Бока Јуниорс, Диего Мартинез изминатата вечер поднесе оставка од функцијата.

Оставката на Мартинез доаѓа по вчерашниот пораз од Белграно по кој Бока падна на 12. позиција на табелата во првенството. Во ваква ситуација шансите за титулата се скоро и изгубени бидејќи аргентинскиот гигант има 12 бода помалку од Велез и тоа со натпревар помалку.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Си заминувам откако разговарав со управата и со фудбалерите. Им благодарам на клубот и претседателот за укажаната доверба и верувам дека во овој момент и покрај чувството дека сите сме виновни, најдобро е да заминам за да дојде до промена“, изјави Мартинез.

Претходниот викенд, Бока беше поразена и во дербито со Ривер Плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…